Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,29 отсто.
Согласно оваа одлука која ќе стапи на сила од вечерва на полноќ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 и пол денара за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за еден денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 и пол денар за литар. Цената на Мазутот М-1 НС, пак, се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг.
Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 84,00 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 86,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 85,50 ден/лит
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) / 84,00 ден/лит
Од РКЕ воедно напоменуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива, можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени цени.