Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Црна Гора: Кафулињата се отворени до 23 часот, полициски час од полноќ

Нови мерки во Црна Гора: Кафулињата се отворени до 23 часот, полициски час од полноќ

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, најави дека од сабота до 23 април ќе биде забрането напуштање на станбената зграда по полноќ, пазарите и продавниците ќе бидат отворени од 7 до 22 часот, а угостителските објекти од 7 часот наутро до 23 часот, известуваат медиумите во таа земја.

Истите мерки што ќе се применуваат од 17 до 23 април во Подгорица и Даниловград, претходно важеа за општините Плав, Гусиње, Петњица, Херцег Нови, Забjак, Тиват, Котор, Плузин, Будва, Тузи, Рожаје, Бар, Улцињ, Бијело Поjeе и Цетиње.

Во Никшиќ, Мојковац, Беране, Колачин, Шавник и Андријевица, сегашните мерки се прошируваат, бидејќи бројот на заразени лица на 100.000 жители е поголем од 800, рече Боровиниќ Бојовиќ.

Организирање забавни и рекреативни активности за деца и возрасни на отворени јавни места сè уште е забрането, а забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендот останува во сила, рече таа.

Боровиниќ Бојовиќ рече дека контингент од 200.000 вакцини, а можеби и повеќе се очекува до крајот на април, а масовната вакцинација ќе започне три или пет дена подоцна.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела