Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ или „Модерна“ им се препорачуваат на бремените жени во Велика Британија

„Фајзер“ или „Модерна“ им се препорачуваат на бремените жени во Велика Британија
Img 5587

Бремените жени во Велика Британија треба да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“ затоа што постојат реални податоци дека се побезбедни, објавија институциите што ги издаваат упатствата за вакцинација.

Заедничката комисија за вакцинација и имунизација изјави дека околу 90. 000 бремени жени биле вакцинирани во САД, претежно со тие две вакцини и дека немало сериозни несакани ефекти.

Img 5587

„Врз основа на овие податоци, комисијата советува бремените жени во Велика Британија да примааат вакцини на „Фајзер/Бионтек“ или на „Модерна“ секогаш кога е тоа е можно“, се вели во соопштението.

„Нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но потребно е дополнително тестирање“, додаваат од комисијата.

На бремените жени во Велика Британија претходно им беше советувано да не се вакцинираат затоа што нема доволно податоци за несаканите ефекти.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56