Утрински Весник
Свет

Нови мерки во Грција

Нови мерки во Грција

Во Грција од денеска стапуваат нови правила, а се однесуваат на ограничувања во работењето на кафулињата, баровите и ноќните клубови.

Поради ширењето на коронавирусот, грчките власти неделава вратија дел од ограничувачките мерки за рестораните, ноќните клубови и кафулињата. Правилата важат од денес и тие забрануваат служење на гости кои стојат.

„Тоа е чекор назад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи“, вели Илјас Бабацикос, сопственик на кафуле на плажа во атинското крајбрежно предградие Алимос.

Здравствените работници се загрижени за неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус и појавата на делта-вирусот.

Во вторникот имало 1.797 новоинфицирани, што е двојно повеќе од претходниот ден.

Властите објавија дека голем дел од новите случаи се млади луѓе.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат