Утрински Весник
Свет

Нови земјотреси утрово во Петриња

Нови земјотреси утрово во Петриња

Земјотреси од 3,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала беа регистрирани утрово во Петриња, во Хрватска.

Првиот потрес од 3,5 степени беше почувствуван и во Загреб.

„Се чувствуваше силно, но за среќа беше кратко, траеше 5 секунди“, коментираат корисниците на ЕМСЦ.

Подоцна, околу 7.50 часот се почувствува уште еден посилен земјотрес, со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, јави Индекс.

По разорниот земјотрес што ги уништи Петриња и околните области на 29 декември, земјата сè уште постојано се тресе.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп во Анкара скришно во кетеринг-возило бил префрлен во друг авион поради иранска закана за атентат

Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

Нов украински напад со дроновои врз Москва