Утрински Весник
Македонија

Николоски: Оддаваме почит на хероите од Карпалак кои ги дадоа животите за Македонија

„Тука сме денес да оддадеме почит на хероите коишто бранејќи ја Македонија, независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001 година ги дадоа своите животи на Карпалак. Нивниот спомен е вечен, тоа е спомен кој што ќе остане векови пред нас, генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Република Македонија, но во исто време тоа е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна држава, да се гради Македонија како напредна држава. Така што денес затоа сме тука да оддадеме почит и да кажеме слава им на овие херои“ порача денеска во Прилеп потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

https://www.youtube.com/watch?v=ZQq7gAhqLuk

Тој зборуваше и за една тема која што смета дека е многу актуелна во Прилеп.

„За жал градот се претвори град од див запад, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со они со кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е созбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи, дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески, кој што е денес до мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, исто така на вработена во општината и бројни други случаи за коишто чаршијата во Прилеп гласно заборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат“ порача Николоски.

Можете да прочитате

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“

Изречена казна затвор од една година во првата осудителна пресуда во Македонија за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација