Утрински Весник
Политички Партии

Николов: Приоритет е здравјето на граѓаните, а не функциите и политиката

Николов: Власта го намалува бројот на тестови со цел манипулации и дневно политички пресметки
Ss2

 

Скопје, 20 мај 2020 

Почитувани,

Ss1

И додека од земјите од соседството и регионот воопшто, слушаме вести како нема заболени подолг период или има само по некој случај, во Македонија состојбата е поинаква.

Власта кај нас само убедува дека ситуацијата е под контрола, а за каква контрола зборуваат си знае само „доктор“ Зоран Заев.

Фактите говорат нешто сосема друго, но зошто тој би се занимавале со факти.

Еве ги фактите.

Во Македонија се уште бројката на ново заболени се движи од 5 до 10 проценти од вкупно тестираните. Колку и да е мала бројката на тестови во едно деноноќие, а половина од истата отпаѓа на вработените во градинките во државава, процентот се движи помеѓу 5 и 10 проценти ново заболени.

Од темелен скрининг на населението, на ризични групи како медицински лица, возрасни и слично нема ни трага.

Најтрагично е кога слушате дека некој ни вели дека ситуацијата е под контрола, а слушаме дека има ново починати лица. И тоа не повремено, туку секој ден со одредена динамика има починати лица.

И се додека на некој поважна му е политичката функција од здравјето на народот резултати нема да има.

Многу е едноставно. Потребен е темелен,навремен и прецизен скрининг. Потребно е драстично да се намали број на ново заболени и да се детектираат класерите.

Потребно е здравјето на граѓаните да биде приоритет, а не функциите и политиката.

Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт