Утрински Весник
Македонија

Не oтстапуваме од позицијата за Северна Македонија туку го надградуваме постигнатото, рече бугарската министерка за надворешни работи

Не oтстапуваме од позицијата за Северна Македонија туку го надградуваме постигнатото, рече бугарската министерка за надворешни работи

Бугарското Министерството за надворешни работи строго ќе ги почитува мандатот на Советот на министри, Декларацијата на Народното собрание и Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ќе го земеме предвид и мислењето од последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност и нема да отстапиме од рамковната позиција.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, пренесе БГНЕС.

Прашана како го коментира ставот на претседателот Румен Радев дека посетата на премиерот Кирил Петков во Северна Македонија била избрзана, Генчовска рече: „Тоа е мислење на претседателот. Не можам да го коментирам“.

Министерката посочи дека владата ги рестартирала односите со Скопје.

„Продолжуваме да го надградуваме она што е постигнато досега. Има континуитет од страна на МНР.  Го надградуваме постигнатото, има позитивизам. Во директен контакт сме со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тимот од МНР е во директен контакт на стручно ниво“, рече министерката Генчовска.

Таа најави дека претстои стручен состанок на 10 и 11 февруари, на кој ќе присуствуваат претставници од македонското Министерство за надворешни работи.

„Никако не отстапуваме од досегашните рамковни позиции, Декларациите на Народното собрание и пред се’ почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство“, рече министерката Генчовска.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни