Утрински Весник
Македонија

Не се одржа традиционалното искачување на Титов врв во организација на ПК „Љуботен“

Не се одржа традиционалното искачување на Титов врв во организација на ПК „Љуботен“

Тетово, 31 мај 2020 (МИА) – Годинава поради состојбата со коронавирусот изостанa традиционалната и една од најмасовните планинарски манифестации искачување на Титов врв што планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, што требаше според нивниот календар, да го реализира денеска.  Досега се организирани 38 манифестации за искачување на Титов врв, а освен годинава откажување поради состојбата во државата имало во 2001 и 2002 година.

-Планинарскиот клуб „Љуботен“ уште на 17 март ги информираше членовите и рекреативците дека поради новонастанатата состојба со пандемијата со КОВИД-19  и потребата за стриктно придржување кон препораките и насоките на Министерството за здравство се откажуваат сите настани, состаноци, собири, спортски и рекреативни акции и состаноци на телата на клубот, соопштија од ПК „Љуботен“.

Минатата година 630 планинари го искачија Титов врв, а во сите досегашни искачувања до највисоката точка на Шар Планина стигнале 25.237 планинари и рекреативци, бележи статистиката на ПК „Љуботен“.

Титов врв има 2.747 метри надморска височина и е најтрактивна дестинација за планинарско искачување на која редовно доаѓаат по неколку стотици планинари од нашата и од други земји.

Патеката се оценува како средно тешка, со вкупна должина од 14 километри и висинска разлика од 1047 метри и за еден правец е потребно околу четири часа. 

Минатата година новитет при искачувањето беше започнување со работа на апликација за мобилни телефони со која планинарите можеа да вршат препознавање на биолошката разноликост додека пешачат кон Титов врв. ас/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Расчистено разбојништво во Штип

Османи: Мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации…