Утрински Весник
Магазин

„Нетфликс“ планира ТВ-шоу „Сквид гејм“ со награда од 4,56 милиони долари

„Нетфликс“ регрутира учесници за реално ТВ-шоу инспирирано од хит-серијата „Сквид гејм“, неговата најпопуларна серија на сите времиња.

Сепак, нема да биде живот или смрт во прашање, како што е прикажано во јужнокорејската дистописка драма.

Наместо тоа, 456 регрути од целиот свет ќе играат игри каде што најлошо нешто што може да им се случи  е да си одат дома со празни раце, пропуштајќи ја наградата од 4,56 милиони долари.

„Нетфликс“ претходно оваа недела потврди дека популарната серија ќе биде обновена за втора сезона.

А во вторникот, стриминг-платформата соопшти дека телевизиското шоу од 10 епизоди – Squid Game: The Challenge („Сквид гејм: Челинџ“) – ќе ја понуди најголемата актерска екипа и најголемата парична награда во историјата на реалити-телевизијата.

Учесниците треба да имаат најмалку 21 година. Тие мора да зборуваат англиски и да бидат достапни најмалку 4 недели за снимањето, кое треба да почне во 2023 година.

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите