Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје
Ss2

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нема да дозволи Иран да добие нуклеарен арсенал и дека Израел ќе продолжи да се брани од иранската агресија, пренесува „Спутник“.

Тој додаде дека Иран никогаш не се откажал од потрагата по нуклеарно оружје.

Ss1

„На Блискиот Исток, нема посериозна закана од Иран. Иран не се откажа од својата желба да поседува нуклеарно оружје и не престана да повикува на уништување на Израел. Како премиер на Израел, никогаш нема да дозволам Иран да дојде до нуклеарно оружје за да изврши геноцид врз Израел. Израел ќе продолжи да се брани “, рече Нетанјаху на заедничката прес-конференција по разговорите во Ерусалим со американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

Саботниот инцидент во нуклеарниот објект „Натанц“ беше предизвикан од експлозија, изјави денеска портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран (АЕОИ), Бехруз Камалванди.

„Експлозијата не беше доволно силна за да уништи сè … За среќа, никој не беше повреден, оштетените делови наскоро можат да бидат обновени“, рече Камалванди за „Тасним“.

Вчераутро, Организацијата за атомска енергија на Иран (АЕОИ) објави дека објектот во „Натанц“ претрпел инцидент со мрежата за дистрибуција на електрична енергија. Шефот на АЕОИ, Али Акбар Салехи, го опиша инцидентот како „нуклеарен тероризам“.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, рече дека Техеран верува оти Израел стои зад неодамнешните саботажни дејства во објектот.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум