Утрински Весник
Македонија

Невреме со силен ветер и град во Преспанскиот регион

Невреме со силен ветер и град во Преспанскиот регион

Попладнево нашата земја беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови.

Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.

Според последните податоци до 20 часот бил наврнат воден талог од 18 литри на метар квадратен во Тополчани, 15 во Маврово, 7 во Прилеп, по 5 литри на метар квадратен во Тетово, Битола, Попова Шапка, по 3 во Претор и 2 литри на метар квадратен во Берово.

Ветерот во Охрид бил со брзина од 63 километри на час, во Скопје на Зајчев Рид дувал ветер од 58 километри на час исто и во Битола, а во Штип дувал ветер со брзина од 45 километри на час.

Можете да прочитате

За 161 судија побарано утврдување одговорност, судовите со над 134.000 нерешени предмети

Полицијата вчера привела седум возачи кои возеле без да имаат положено

Свечена заклетва на 30.класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“