Утрински Весник
Спорт

НБА го презентираше редизајнираниот „Коби Брајант трофеј“

НБА го презентираше редизајнираниот „Коби Брајант трофеј“

НБА лигата го претстави редизајнираниот „Коби Брајант трофеј“, кој ќе се додели на МВП на Ол-Стар натпреварот, две недели пред шоуто на 20 февруари во Кливленд.

Трофејот, кој беше преименуван во чест на Коби Брајант по неговата трагична смрт пред две години, има основа со четири нивоа на врвот и е дизајнирана од уметникот Виктор Соломон. НБА и Соломон исто така ги претставија редизајнираните верзии на другите трофеи кои се доделуваат во текот на Ол-Стар викендот.

Стартерите за оваа година беа објавени минатата недела, додека капитени ќе бидат Леброн Џејмс и Кевин Дурент, втора сезона во низа.

> НБА го презентираше редизајнираниот „Коби Брајант трофеј“ <

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови