Утрински Весник
Македонија

На тинејџерска возраст најчесто се несовесните кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци

На тинејџерска возраст најчесто се несовесните кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци

Кавадарци, 3 јуни 2020 (МИА) – На тинејџерска возраст најчесто се несовесните поединци кои не почитуваат мерки против коронавирус во Кавадарци. Вака денеска одговори на прашање на МИА кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по состанок на Кризниот штаб.

Апелираше максимално да се почитуваат превентивните мерки заради нивна заштита, но и заради заштита на нивните повозрасни блиски. Потсетувањето за почитување на мерките, како што кажа, важи и за сите други граѓани.

-Штабот усвои протокол за интерна комуникација меѓу членовите, како и за давање интервју за актуелните состојби со вирусот. Се повикува на почитување на превентивните мерки за заштита и да се изготви спот со укажување на мерките за заштита, информираше Јанчев за заклучоците од состанокот, на прес-конференција.

Тој потсети дека сега едно лице во општината е позитивно на вирусот, асимптоматски случај, на возраст од 65 години. Повика на почитување на мерките и најави дека продолжува дезинфекцијата и аеродезинфекцијата  во општината. свд/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп