Утрински Весник
Спорт

„Ф1-инсајдер“: Алонсо се враќа во Формула 1

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар
300x250 (7)

Енстон, 3 јуни 2020 (МИА) – Шпанскиот возач Фернандо Алонсо скоро сигурно ќе се врати во Формула 1 во тимот на Рено од 2021 година, пренесува „Ф1-инсајдер“.

Двократниот светски шампион се очекува да потпише договор за две сезони, а по неговото истекување ќе стане директор во францускиот тим.

Ss1

Единствената пречка за реализација на проектот може да биде Себастијан Фетел. Германецот го напушта Ферари на крајот на кампањата и ако реши да се пресели во Рено, ќе се намали опцијата за привлекување на Алонсо во тимот.

Триесет и осум-годишниот Шпанец последен пат возеше во Формула 1 за Мекларен во сезоната 2018. Тој има 32 победи во 311 старт, освојувајќи ги своите титули во 2005 и 2006 година со тимот на Рено.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер