Утрински Весник
Македонија

На технички преглед однесени 58 автобуси и комбиња, шест биле технички неисправни

На технички преглед однесени 58 автобуси и комбиња, шест биле технички неисправни

Министерство за внатрешни работи (МВР) информираше дека во станица за технички преглед во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во текот на вчерашниот ден се однесени 58 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници. Од нив шест биле технички неисправни.

Инаку, „Мета.мк“ досега многу пати пишувала за техничката неисправност на возилата за превоз на патници, а оваа тема се актуелизираше по сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи кај Ласкарци минатата година.

Полицијата во текот на септември и октомври годинава изрекла дури 527 глоби поради техничка неисправност на возилата со кои се врши превоз на патници во јавниот превоз.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“