Утрински Весник
Магазин

На повидок уште едно доцнење на „Црната вдовица“

На повидок уште едно доцнење на „Црната вдовица“

Новиот филмски спектакл „Црна вдовица“ со Скарлет Јохансон во главната улога, првиот филм од Марвеловата, таканаречена фаза 4, првично требаше да се појави во мај 2020 година.

Филмот се одложуваше повеќе пати поради пандемијата на коронавирусот, отворајќи го патот за серија на „Дизни плус Вандавижн“ да ја започне фазата 4 наместо тоа.

Во моментов, премиерата е закажана за 7 мај 2021 година, но „Марвел“ веројатно размислува за уште едно одложување ако пандемијата продолжи да ја држи публиката ширум светот надвор од киносалите, пишува „Варајети“.

Последна опција на студиото Марвел за претстојниот филм ќе биде да го објави на „Дизни плус“, иако разбирливо е двоумењето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Деца и родители: Што по разводот?

Еве зошто кесичката со чипс никогаш не е полна

„Реплек“ ги јакне меѓународните партнерства и потенцијалот за раст на извозот