Утрински Весник
Македонија

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Објавата на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, која беше пренесена во медиумите, го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошко, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците.

dobivaj vesti na viber

Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој.

„Досегашната пракса покажува дека институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици. Ние од Хелсиншкиот комитет за човекови права и младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаме заедничка намера да не дозволиме и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски“ се вели во заедничкото соопштение.

Оттаму апелираа дека „ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем“.

„Поради бројните проблеми со кое со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мораат да бидат безбедна средина за нивните ученици“ стои во соопштението.

Можете да прочитате

Димитриевски: Ќе работам на обединување на граѓаните, на власта и опозицијата…

Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено

Таравари: Ќе ја вратиме некогашната репутација на Куманово и Липково