Утрински Весник
Спорт

На аукција Ферари Ф300 на Михаел Шумахер

Ферари Ф300 на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, кој го возеше во 1998 година, наскоро ќе се најде на аукција во Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Германецот, тогаш сопственик на два шампионски трофеи, во тој болид се бореше за титулата со Мика Хакинен од Мекларен, кој на крајот го освои пехарот.

Шумахер постигна шест победи во сезоната 1998 зад воланот на Ф300, а следната година Ферари го продаде автомобилот на приватен колекционер.

Цената на автомобилот се очекува да биде меѓу 6 и 8.000.000 долари, а аукцијата ќе се одржи од 18. до 20. август во Калифорнија.

Во декември 2013 година, легендарниот возач се здоби со сериозни повреди на мозокот откако падна на скијачка патека. Од тој момент практично нема информации за здравствената состојба на познатиот Германец.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами