Утрински Весник
Македонија

На ГП Табановце се чека околу 45 минути

На ГП Табановце се чека околу 45 минути

На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција, времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути, а за влез во државата околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Од таму известуваат за прекин на сообраќајот за сите типови на возила, почнувајќи од 06.08.2021, од 09 до 15 часот, поради изведувње на градежно асфалтерски работи на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Милошоски: Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

„Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази