Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Охрид и Лазарополе, во текот на денот врнежите ќе престануваат

Дождот ги поплави велешките улици

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Охрид и Лазарополе – три литри на метар квадратен, како и во Скопје, Куманово, Крива Паланка, Маврово, Крушево и Дојран.

Снег има на планините, но малку. На Попова Шапка – три сантиметри, на Маврови Анови и Крушево два сантиметри и во Лазарополе еден сантиметар.

За денеска синоптичарите најавуваат врнежи од дожд, а на планините од снег, но веќе во попладневните часови врнежите ќе преставуваат и ќе ги има само во јужните делови од државата. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до девет степени. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”