Утрински Весник
Свет

Најмалку 13 лица загинаа во напад во северен Ирак

Најмалку 13 лица загинаа во напад во северен Ирак
Dik 300x250 mk

Во напад на милитантите на Исламска држава врз село во северен Ирак загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои тројца селани и 10 курдски војници, соопштија властите во автономниот регион Курдистан во Ирак.

Нападот се случил во областа Махмур, епицентарот на активностите на Исламската држава, каде што редовно се вршат напади врз курдските сили, ирачките сили и цивилите, пренесува Ројтерс.

Махмур е планинска област на околу 70 километри југоисточно од Мосул и на околу 60 километри југозападно од курдскиот главен град Ербил.

Во соопштението на вооружените сили на регионот се наведува дека милитантите на Исламската држава го нападнале селото, убивајќи тројца жители и интервенирале кај вооружените сили, што резултирало со судири во кои загинале 10 нивни војници.

Исламската држава не презеде веднаш одговорност за нападот.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците