Утрински Весник
Македонија

Најави за отворање на нова група по денешните апсења за „Јавна соба“

Најави за отворање на нова група по денешните апсења за „Јавна соба“

Администраторите на „Јавна соба“ најавуваат отворање на нова група по денешните апсења на едно лице во Битола и едно лице во Велес поради овој случај со незаконско споделување ширење на експлицитни фотогорафии, преку платформата „Телеграм“.

Кусо време откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски јави за апсењата, групата почна да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група, а администраторот повикува да му пишуваат во приватна порака за да им ја испрати.

Министерот Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, а по него премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Оружје, експлозив и муниција најдени во домот на скопјанец, поведена истрага

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС, нека ги достави доказите

ВЛЕН: Со Јакуп Хусеини на чело на Брвеница целиме кон 11-тата општина