Утрински Весник
Економија

Нарадна банка: Раст и на депозитите и на кредитирањето

Нарадна банка: Раст и на депозитите и на кредитирањето

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Податоците на Нардоната банка укажуваат на раст и на депозитите и на кредитирањето. Годишната стапка, како што наведуваат во соопштение изнесува 7,8 отсто при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Кредитирањето на корпоративниот сектор пак, бележи раст од 3,3 отсто.

Според објавените податоци на Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат на месечна основа.

– Годишната стапка на раст изнесува 7,8 отсто, при поголем раст на депозитите на домаќинствата. Вкупните кредити продолжија да растат на месечна основа. Годишниот раст на вкупните кредити од 5,9 проценти се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор и на секторот „домаќинства“ се зголемени за 9,8, односно 8,2 проценти соодветно.

Во однос на кредитите, на годишна основа кредитирањето на корпоративниот сектор бележи раст од 3,3 отсто, а вкупните кредити на домаќинствата забележаа годишен раст од 8,6 проценти. бт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Миноски: При купување банка не е доволно инвеститорот да има пари, мора да се провери и неговата репутација

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Гувернерот Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички, се разгледува можноста за еднократно подигнување до 20.000 денари за нив