Утрински Весник
Спорт

Наполи го продава Кулибали

Наполи го продава Кулибали

Финансиската криза ќе го натера Наполи да го продаде Калиду Кулибали (29), тврди „Газета дело Спорт“. Сенегалецот, во изминатите четири трансфер периоди се поврзувае со најмоќните европски клубови, но никој не не понуди 80 милиони евра, колку што бараше претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Газета дело Спорт“, тврди дека поради финансиската криза, Де Лаурентис би подготвен да прифати сума од 50 милиони евра за Кулибали.

Првиот човек на Наполи, мора да влече вакви потези, особено тоа ќе важи доколку Наполи не успее да избори пласман во Лигата на шампионите. Кулибали, има бруто плата од 11 милиони евра, што значи дека неговата продажба ќе го растовари клупскиот буџет.

Наводно, Кулибали е најблиску до трансфер во Баерн Минхен, а интерес за него покажувале и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Манчестер сити, Арсенал и Барселона.

> Наполи го продава Кулибали <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство

Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“

Клубот на Роналдо е во длабока криза, должи 200 милиони долари