Утрински Весник
Свет

Напаѓачот од Виена има потекло од Северна Македонија, потврдија властите

Напаѓачот од Виена има потекло од Северна Македонија, потврдија властите

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, потврди дека напаѓачот кој го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена има потекло од Северна Македонија.

Нехамер рече дека напаѓачот, убиен од полицијата, имал 20 години, дека има македонско потекло и дека е осуден за терористичко здружување.

Тој за агенцијата АПА изјави дека терористот има австриско и македонско државјанство.

Претходно, главниот уредник на виенското списание „Фалтер“, Флоријан Кленк, напиша дека станува збор за млад Австриец со албанско потекло од Северна Македонија.

„Неговото име е Куртин С, тој е роден во 2000 година во Виена, каде што пораснал. Има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква поврзаност со исламизмот“, напиша на Твитер овој истражувачки новинар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Преговорите меѓу САД и Русија за Украина се проширија и вклучуваат договор за нафта вреден повеќе милијарди долари

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата со домувањето, во Валенсија демонстрантите се судрија со полицијата