Утрински Весник
Свет

Напади на талибанците и во Кабул – убиен менаџер на радио станица

Напади на талибанците и во Кабул – убиен менаџер на радио станица

Талибански борци убиле менаџер на радио станица во Кабул и киднапирале новинар во јужната провинција Хелманд, изјавија денеска локалните власти од Кабул во врска со најновиот во серијата напади врз медиумски работници во Авганистан.

Напаѓачите го убиле Тофан Омар, менаџер на „Пакти Гагради“, соопштија активистите за човекови права кои ги поддржуваат независните медиуми во Авганистан, додавајќи дека станува збор за убиство со цел.

Судирите меѓу авганистанските владини сили и талибанците се интензивираат низ целата земја паралелно со повлекувањето на меѓународните сили предводени од САД, по 20 години војување.

Талибанците окупираа огромни рурални области во последните три месеци, а цивилите избегаа од некои региони, создавајќи нова бегалска криза.

Сега бунтовниците против меѓународно признатата влада се насочени кон офанзива врз поголемите градови и доколу успеат во намерата се на чекор кон враќање на власт.

Можете да прочитате

Ванс: Разговараме со иранските лидери, но не знаеме колку вистинска моќ имаат

Три години од нападот на Хамас врз Израел

Двајца загинати во Киев, руски напади погодија уште три украински града