Утрински Весник
Македонија

Наместо во изолација, жители на Гостивар и Тетово заминале во странство

Наместо во изолација, жители на Гостивар и Тетово заминале во странство
Dik 300x250 mk

Осум лица од Гостивар и околните села наместо да седат дома во изолација, тие заминале надвор од земјата. Исто направиле и четворица од Тетово.

„ На 19.08.2021 полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, во рамки на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека вкупно осум лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Чајле, Мало Турчане и Велебрдо, иако имале решенија за изолација и домашно лекување, не ги почитувале решенијата и заминале надвор од земјата.

На 18/19.08.2021 од полициски службеници на СВР Тетово по извршена проверка било констатирано дека четири лица од Тетово кои имале решенија за изолација ја напуштиле земјата. Против лицата ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ казниво по член 206 од Кривичниот законик“ соопшти МВР.

Можете да прочитате

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонски грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Се напил па со автомобил се забил во оградата на комшијата – приведен жител од делчевско

УХМР со најнова прогноза за цела недела – во најава голем пресврт