Утрински Весник
Македонија

563 полицајци ангажирани во последното деноноќие за пожарите

563 полицајци ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 19.08.2021 до 07.00 часот денеска (20.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 563 полициски службеници, реализирани 224 мото-патроли и користени 164 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Можете да прочитате

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно