Утрински Весник
Свет

Над 20 повредени и четворица исчезнати во експлозијата во словенечката фабрика

Dik 300x250 mk

Четири лица се водат како исчезнати во силната експлозија што се случи утринава во словенечкиот град Кочевје. Во инцидентот повредени се најмалку 20 лица, од кои двајца потешко.

Според Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи, две повредени лица добиле тешки изгореници и со хеликоптер се пренесени во Клиничкиот центар во Љубљана.

Од Здравствениот дом во Кочевје соопштиле дека четири лица се водат како исчезнати и дека не се вработени во хемиската фабрика „Меламин“.

Градоначалникот на Кочевје, Владимир Пребилич, во изјава за медиумите рече дека несреќата нема поголеми негативни влијанија врз животната средина, но ги советува жителите на ова место да останат во своите домови. А ако веќе треба да излезат, тогаш препорачува да носат маски, додека, како што рече, не се знаат резултатите од мониторингот на чистотата на воздухот.

Директорот на компанијата „Меламин“, Среќко Стефанич, вели дека експлозијата се случила утринава при префрлање на една супстанција испорачана со цистерна.

Тој рече и дека нема опасност од нови експлозии, односно испуштање опасни материи. Стефанич изјави и дека е изненаден од експлозијата, чија причина сè уште не е позната.

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија