Утрински Весник
Македонија

МЦСР-Дебар ги повикува корисниците да ги подигнат бесплатните сим телефонски картички

МЦСР-Дебар ги повикува корисниците да ги подигнат бесплатните сим телефонски картички
Img 5587

Дебар, 7 мај 2020(МИА) – Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа,во тек е распределбата на бесплатните сим телефонски картички, за следење на онлајн настава за децата од училишна возраст на корисниците на гарантирана минимална помош.

Распределбата почна на крајот од минатиот месец, но како што потврдуваат од установата  неподигнати се уште 161 картичка.

Ss1

Поради тоа ги повикаат корисниците кои до сега не ги подогнале сим телефонските картички тоа да го направат што е можно побрзо.

-До сега бесплатни сим телефонски картички за следење на онлајн настава за децата од училишна возраст на корисниците на гарантирана минимална помош, кои настава следат во основните и средните училишта,ги имаат подигнато 319 корисници. Вкупниот број на картичките кои треба да се распределат е 480 што значи дека се  останати неподигнати уште 161 картичка. Апелирам до корисниците тоа да го сторат што побрзо, вели Крешник Пачуку, директор на Центарот.

Сим картичките се подигаат во просториите на центарот од  10:00 до 14:00 часот. вт/ац/

 

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово