Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за недозволено поседување дрога и психотропни супстанции

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска Обвинителството, обвинетиот на 25 април бил пресретнат од овластени полициски службеници во село Трубарево и притоа кај него биле пронајдени 74 грама наркотична дрога кокаин и 758 грама марихуана.

-Полициските службеници од обвинетиот одзеле и 110 цели и 14 ситни парчиња розеви таблети, 1763 сиви таблети, сива прашкаста материја со нето маса од 5,34 грама и сива кристална материја со нето маса од 4,59 грама, кои по состав се 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA),  стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Националната листа на контролирани психотропни супстанции. Била пронајдена и една дигитална вага со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Посочуваат дека надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице, бидејќи постои опасност од бегство како основ заради кој мерката беше првично определена.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори

Претседателката Сиљановска Давкова имаше средба со Павловски, директор на Рамбл

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101