Утрински Весник
Технологија

Астероид мина крај Земјата, а ниеден сателит не го забележа

Астероид мина крај Земјата, а ниеден сателит не го забележа
Ss2

Хјустон, 7 мај 2020 (/) – Астероид голем колку камион мина близу Земјата и е еден од најблиските кога било регистрирани во историјата. Меѓутоа, ниеден од сателитите во Земјината Орбита не го забележа.

Астероидот 2020-ЈЈ мина крај Земјата на оддалеченост од 7.000 километри, а во астрономска терминологија тоа важи за мала близина.

300x250 (7)

Вселенското тело го забележа опсерваторијата Маунт Лемон сурви во американската сојузна држава Аризона, во мигот кога тоа бил најблиску до нашата планета.

Според податоците на НАСА,  2020-ЈЈ е шести на листата вселенски тела коишто најмногу се доближиле до Земјата изминативе 100 години.

Оттаму наведуваат дека, доколку астероидот одел директно кон Земјата, најверојатно би согорел во атмосферата. си/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META