Утрински Весник
Македонија

Мухамед Зеќири позитивен на Ковид-19

Мухамед Зеќири позитивен на Ковид-19

Скопје, 31 мај 2020 (МИА) – Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири денеска на својот фејсбук профил соопшти дека тој, неговата сопруга и тримесечната ќерка се позитивни на КОВИД-19.

-Почитувани пријатели, и покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка резултираме позитивни на тестирањето за КОВИД 19. За среќа јас немам никаков симптом но резултирав позитивен.

Зеќири испрати апел до сите граѓани да не го потценуваат вирусот и можноста за зараза и да бидеат максимално внимателни.

-Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате. Изразувам жалење и се извинувам доколку несвесно последниве денови сум довел некого во незавидна позиција, соопшти Зеќири на својот Фејсбук профил. бт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мавровско Езеро порибено со 400 килограми риба, воведена двомесечна забрана за лов на крап

Јаневска: Обвинувањата на СДСМ за условите во „Стив Наумов“ не се точни, студентите живеат во еден од најубавите и најмодерни домови на Балканот

Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница