Утрински Весник
Македонија

Муареми до Русковска: Ако имате информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докажете

Улогата на еден јавен обвинител најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, ѝ одговори на Русковска директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, по нејзиниот апел синоќа до сите меѓународни институции и странските амбасади, да реагираат.

dobivaj vesti na viber

„ Оттука, ја повикувам Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал од моја страна – истите да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против мене, а не празни и неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело, обвинителке. А вашата чест и углед е безпредметнo да ги коментирам.

Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош”- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има“ порача Муареми.

Русковска се пожали на притисок од страна на директорот на Финансиската полиција и нагласи дека нема да дозволи лице за кое се проверува постапувањето да ѝ го валка образот и честа кои долги години макотрпно ги градела. Таа ја повика и Европската обвинителка Лаура Ковеси, да дојде и да ги провери сите предмети на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот, за Муареми.

Можете да прочитате

Расчистени девет случаи на измама со лажни сообраќајки, охриѓанец жртвите ги оштетил за 60.000 евра

Падна измамникот со лажни сообраќајни несреќи, штета од 3,6 милиони денари

Филипче: Протестите за возачките дозволи не се начин, власта треба да понуди решенија за сите граѓани