Утрински Весник
Свет

Борел: Посетата на Пелоси не треба да биде изговор за агресивни активности

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, по повод почетокот на кинеските воени вежби околу Тајван, изјави дека нема оправдување, посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси „да се користи како изговор за агресивни воени активности“.

dobivaj vesti na viber

„Нормална и рутинска работа е пратениците од нашите земји да патуваат во странство. Ги повикуваме сите страни да останат смирени, да бидат воздржани и да дејствуваат транспарентно“, напиша Борел на Твитер.

Кинеската Народноослободителна армија рано утринава започна големи вежби со боева муниција во морињата околу Тајван, еден ден по посетата на Пелоси на Тајпеј.

Пелоси направи кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Можете да прочитате

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин

Стотици евакуирани по катастрофалниот пожар кај Осло, интервенцијата ќе трае уште десетина дена