Утрински Весник
Магазин

„Моќта на кучето“ и „Дина“со најмногу номинации во трката за „Оскар“

„Моќта на кучето“ и „Дина“со најмногу номинации во трката за „Оскар“

Вестерн драмата „Моќта на кучето“ на Нетфликс ja предводи овогодинешнaта листа претенденти за „Оскар“ со 12 номинации, надминувајќи ги 10-те номинации за научнофантастичниот епик „Дуна“ во трката за највисоките почести во индустријата.

Тие ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј за најдобар филм против осум други филмови. Меѓу нив се „Белфаст“, полуавтобиографска приказна на Кенет Брана за семејство кое живее среде секташки конфликт во Северна Ирска во доцните 1960-ти, и римејкот на класичниот мјузикл „Приказна од западната страна“ од Стивен Спилберг. Овие филмови добија по седум номинации.

Победниците ќе бидат објавени на 27 март. Холивудската церемонија, 94. по ред, ќе се емитува на телевизија.

Можете да прочитате

Еурека со историски успех на Светското првенство во Полска

Дневен хороскоп за 29 октомври 2026 година

Дневен хороскоп за 28 октомври: Близнаците добиваат интересна понуда, Јарците завршуваат важна обврска