Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист од Валандово се здобил со тешки повреди по удар од патничко возило

Мотоциклист од Валандово се здобил со тешки повреди по удар од патничко возило

Вчера околу 15:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на крстосница од улиците Првомајска и Лазар Колишевски во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Џ.К.(19) од с.Дедели, Валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија, а увид извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот