Утрински Весник
Македонија

Скопјанец украл пари од возило, украденото е вратено на сопственикот

Скопјанец украл пари од возило, украденото е вратено на сопственикот

36-годишен скопјанeц се сомничи за кражба на пари од возило во Скопје, информира полицијата.

Вчeра во 19.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 16.00 часот на ул„Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „ауди“, сопственост на В.З.(45) од Скопје.

Одземените пари биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот.

М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Јаневска: Имаме лоша демографија, празните училници се последица на помалиот број раѓања

Јаневска: Децата ќе ги завршуваат обврските од 8 до 16:30 во училиште, дома ќе имаат време за семејството

Јаневска: 252 студенти се одбиени, дел поднеле некомплетна документација