Утрински Весник
Свет

Москва му понуди на Вашингтон соработка во борбата против тероризмот

Москва му понуди на Вашингтон соработка во борбата против тероризмот

По повод 20-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Русија соопшти дека е подготвена повторно да соработува со САД во борбата против тероризмот.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека Русија тагува заедно со САД и дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот предводен од министрите за надворешни работи на двете сили во 2018 и 2019 година за борба против тероризмот.

„ Мораме да ги оставиме настрана сите спорови и да работиме заедно за човештвото. Руската страна е подготвена да ги започне тие преговори. Тоа е нашиот природен приоритет”, напиша Антонов на Фејсбук страницата на руската амбасада, и покрај комплицираните билатерални односи меѓу двете земји.

Тој изрази благодарност до САД за размената на информации, што овозможи спречување на атентатот во Санкт Петербург во 2017 и 2019 година.

Можете да прочитате

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина

Повеќето нови германски државјани го задржуваат своето оригинално државјанство