Утрински Весник
Македонија
Img 7972

МОН: Младите ја поддржуваат дигитализацијата на образованието

Денеска ќе се одлучува за стартот на учебната година
Img 7972

Сојузот на средношколци потврдува дека младите во Северна Македонија ја поддржуваат дигитализацијата на учебниците и воопшто на образованието, информираат од министерството за образование.

Од таму додаваат дека е сосема очекувано да постојат дилеми кај младите и кај нивните семејства.

МОН потсетува дека од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, кој ќе се имплементира сукцесивно во следните неколку години. Ова решение не предвидува дигиталниот учебник да биде единствена опција за учениците. Од прво до трето одделение учениците и натаму ќе користат печатени учебници, додека за учениците од четврто одделение приоритетна опција се дигиталните учебници. Лектирите остануваат исклучиво во печатена верзија.

„Новото законско решение предвидува за учениците кои се од социјално загрозени семејства и немаат уреди за учење од дигиталните учебници, како и за учениците кои поради попреченост имаат потреба од уреди или помошна технологија, училиштето да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник. За оваа цел, во рамки на училиштата веќе се прават проценки и подготовки за обезбедување на одреден таканаречен „библиотечен фонд“ на таблет уреди кои ќе им се даваат на времено користење на учениците кои имаат потреба од ваков тип на поддршка согласно законот“, информираат од министерството.

Дообјаснуваат дека доколку ученикот изрази потреба за користење на печатен учебник, истиот ќе му биде обезбеден од страна на училиштето. И во овој дел, предизвиците очекуваме да бидат сведени на минимум. Затоа што, образованието повеќе нема третман на потрошувач и поради тоа сé повеќе се вложува од сите можни аспекти во овој сегмент, вклучително и во опременоста на училиштата, како од страна на централната власт, така и од страна на самите локални самоуправи.

Дигитализацијата ја елиминира дискриминацијата, затоа што учебниците ќе бидат достапни и во аудио формат, на сите наставни јазици, и за прв пат ќе се печатат и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид, стои во писмениот допис од министерството за образование.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја