Меѓународниот олимписки комитет почна официјална истрага за наводите дека Белорусија се обидела да ја натера својата атлетичарка Кристина Циманускаја да се врати во земјата од Олимпијадата во Токио по јавното критикување на националните тренери.
„Мораме да ги утврдиме целосните факти, што може да потрае. Во меѓувреме, нашата главна грижа е спортистот“, објави портпаролот на МОК, Марк Адамс, пренесува Би-би-си.
Министерството за надворешни работи на Јапонија потврди дека Циманускаја добила хуманитарна виза од Полска и дека сега се наоѓа во Амбасадата на таа земја во Токио, а се очекува утре да ја напушти Јапонија.
МОК побара Белорускиот национален олимписки комитет да го достави својот извештај за инцидентот до крајот на денот, а Циманускаја рече дека била одведена на аеродром против своја волја по критикувањето на тренерите и изрази страв за својата безбедност.
Белорусија тврди дека Циманускаја била отстранета од тимот поради нејзината емоционална состојба.
> МОК почна истрага за случајот со белоруската атлетичарка <