Утрински Весник
Спорт

Модест е замената за Себастијан Але

Борусија Дортмунд постигна вербален договор со Келн околу трансферот на 34-годишниот напаѓач Антонио Модест, изјави спортскиот директор на „милионерите“ Себастијан Кел.

dobivaj vesti na viber

„Постигнавме вербален договор, играчот треба да го мине лекарските преглед и да се разјаснат некои детали поврзани со договорот. Затоа не можеме да кажеме дека работата е завршена“, рече Кел.
Искусниот Модест ќе го замени Себастијан Але, на кого неодамна му беше дијагностициран рак на тестисите и ќе мора да оди на хемотерапија и нема да може да игра оваа сезона.

Але летово пристигна во Дортмунд од Ајакс како замена за Ерлинг Халанд кој замина во Манчестер сити.

Модест е долги години во Бундеслигата. Од 2013 до 2015 година беше член на Хофенхајм пред да се пресели во Келн. Минатата сезона тој постигна дури 20 гола во првенството и беше најзаслужен за промоцијата на Келн во Конференциската лига.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски