Утрински Весник
Свет

Кина најави нови воени вежби околу Тајван

300x250 (7)

Кинеската војска за денеска најави нови вежби на море и на небото околу Тајван.

dobivaj vesti na viber

Источната борбена команда на Народноослободителната војска на Кина објави на социјалната мрежа Веибо дека ќе вежба да изведува напади против подморници на море, пренесува „Ројтерс“.

300x250 (7)

По минатонеделната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, кинеската војска започна големи воени вежби со употреба на боева муниција во водите околу тој остров. Непосредно пред крајот на вежбите, 10 воени бродови од двете страни маневрираа околу централната линија на Тајванскиот теснец.

Тајван соопшти дека за време на вежбите, неколку кинески бродови и авиони ја преминале централната линија. Во исто време, војската на Тајван распореди бродови и авиони, како и ракетни системи за следење на ситуацијата.

Кинеските власти претходно најавија дека ќе ги преземат сите достапни контрамерки како одговор на посетата на Пелоси на Тајван, која ја окарактеризираа како „играње со оган“.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници