Утрински Весник
Свет

„Модерна“: Нашата вакцина е речиси 95 проценти ефикасна

Американска компанија започнува за завршни испитувања на вакцина против корона

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ штотуку објави дека нејзината вакцина против коронавирус има ефикасност од речиси 95 проценти, пренесе Би-би-си.

Тоа значи дека од заразата ќе бидат заштитени 945 од 1000 луѓе, кои ќе се вакцинираат со оваа вакцина.

Овие податоци произлегуваат од клиничкото испитување на вакцината на „Модерна“.

Информацијата за исклучително високата ефикасност на вакцината доаѓа една недела откако фармацевтската компанија „Фајзер“ објави дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна американска база, неколку американски авиони се оштетени

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари

Трамп: Ако победиме на изборите, ќе им платам на сите возрасни Американци по 5.000 долари