Утрински Весник
Македонија

Мијалков останува во притвор

Обвинителството смета дека 11 милиони евра се доволна гаранција Мијалков да излезе од притвор

Eксдиректорот на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, одлучи Апелацискиот суд, потврдувајќи ја одлуката на Кривичниот суд во Скопје.

Судиите во скопска Апелација на ја прифатија гаранцијата на Мијалков од 10,8 милиони евра, коja ја дадоа три семејни фирми.

Претходно и Вишото обвинителство даде негативно мислење за Мијалков да се брани од слобода до правосилноста на пресудата.

Мијалков кој има две првостепени судски пресуди, е во притвор од 23 февруари.

Можете да прочитате

Жена пронајдена почината во домот во Аеродром

Митева: Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница согласно законските одредби

Соседите ги користат критичните минерали како развојна шанса, Македонија сè уште не го активира Иловица