Утрински Весник
Свет

Мишел: Членките на ЕУ треба да размислат за азил за руските војници кои ја напуштаат војната

Мишел: Членките на ЕУ треба да размислат за азил за руските војници кои ја напуштаат војната

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека земјите-членки на Европската унија треба да разгледаат начини да им понудат азил на руските војници кои се подготвени да ја напуштат војната во Украина.

Во средата Мишел изрази „гнев поради злосторствата против човештвото врз невините цивили во Буча и многу други градови“ во Украина.

Тој ги повика руските војници да не извршуваат наредби.

– Ако не сакате да учествувате во убиството на вашите браќа и сестри од Украина, ако не сакате да бидете криминалци, фрлете го оружјето, престанете да се борите, оставете го бојното поле – рече Мишел во говорот во Европскиот парламент.

Поддржувајќи ја идејата претходно спомената од некои европратеници, Мишел додаде дека давање азил на руските дезертери е „вредна идеја што треба да се следи“.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација