Утрински Весник
Свет

Хаос во Шангај: Убиваат миленици на сопствениците заразени со ковид – граѓаните не смеат да излезат од дома,тешко се доаѓа до храна

Хаос во Шангај: Убиваат миленици на сопствениците заразени со ковид – граѓаните не смеат да излезат од дома,тешко се доаѓа до храна

Здравствените работници кои беа донесени во Шангај за да помогнат во борбата против актуелната епидемија на коронавирус, почнаа да ги убиваат домашните миленици на луѓе заразени со ковид-19. Вчера, во Шандаи беа пријавени голем број од речиси 20.000 нови случаи.

Веста кружи на социјалните мрежи во Кина, а граѓаните се гневни и бараат итна реакција од надлежните.

Тие бараат да се отворат уште повеќе засолништа за кучиња и мачки, чии заразени сопственици се носат во други градови на болничко сместување, бидејќи сите капацитети во Шангај се полни.

Луѓето се организираат за да набават основни намирници, вода, месо, овошје, зеленчук, млеко, масло и ориз. Но, во населените места каде што има заразени станари многу тешко се доаѓа до испорака на храна.

Доставата ја вршат специјализирани камионски транспортери, бидејќи и курирската служба е под целосна забрана за движење.

Патем, не може да се влезе во Шангај или да се испрати ништо освен официјални курири.

На граѓаните им е забрането да ги напуштаат становите и немаат можност да се движат освен кога се прават ПЦР тестови во дворовите на населбата, кога сите станари ја користат можноста што подолго да пешачат до полигонот.

Исто така, секој ден се врши брзо самотестирање кое им се доставува на граѓаните на врата и имаат 15 минути да го завршат тестот и да ги остават пред врата.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација