Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Тешко ѝ на Македонија ако решението се Заев и Бучковски

(Видео) Мицкоски: Неспособноста на владата е еднакво опасна колку и самиот вирус

Тешко ѝ на Македонија ако решението се тандемот лепливи прсти – Заев и Бучковски. Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагирајќи на информацијата дека Владата го именува поранешниот премиер, Владо Бучковски, за специјален претставник во Бугарија.

„Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во неодамнешното интервју ги направи ослободители.
Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет „Тенковски делови“, Заев го враќа на нова врата, која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите.

Луѓето со лепливи прсти – едниот познат по „Бачило“, продажба на ЕВН, „Маѓар телеком“, пасоши, другиот познат по „Глобал“, поткуп – евро за Вицето, „Рекет 1 и 2“, плантажи со марихуана – се тандемот што треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа, за жал, евтино продавање.

Тешко ѝ на Македонија ако решението се тандемот лепливи прсти – Заев и Бучковски. Ова е предвесник на катастрофата што не смееме да дозволиме да се случи. Затоа, кога овие двајца се во прашање, одговорот е народот“, се наведува во реакцијата на Мицкоски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Кадровски промени на Водно, правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Претрес во Струмица, приведен дилер