Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на средба со Јан Коп: Македонија останува најкорумпирана земја во Европа

Мицкоски на средба со Јан Коп: Македонија останува најкорумпирана земја во Европа

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски, оствари работна средба со Дирк Јан Коп – Амбасадор на Холандија во Македонија, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата Мицкоски се заблагодарил на принципиелната поддршка на Холандија насочена кон потребата од реформи на владеењето на правото, но истовремено нагласил дека Македонија останува најкорумпирана земја во Европа која во последните години не успеа да преземе конретни чекори во справување со системските недостатоци, стои во партиското соопштение.

Мицкоски ја нагласи стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за полноправно членство во ЕУ базирана на вредности и стандарди наместо уцени кои не соодејствуваат со основачките договори на Унијата. Соговорниците ја афирмираа потребата од оддржување на фер и кредибилни локални избори оваа есен, е напишано во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра